Неповратна половина од субвенцијата за проектот „Kупи куќа, купи стан“

Bez autora
Aug 13 2013

Владата донесе измена во субвенциите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, со која парите за половина учество станаа неповратни. Измената ќе важи и за новите и за веќе земените кредити. Граѓаните сега може на самиот почеток од проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, а оние корисници, кои веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот, немаат обврска да го враќаат. Според Министерството за финансии, новата поволност значително ќе го зголеми интересот за купување стан или куќа со финансиска помош од државата. Ова е животна шанса за оние што имаат некакви, но недоволни средства за да добијат значителна сума и да се стекнат со сопствен дом. Во случај на купување стан, државата дава 50 отсто од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра.

Неповратна половина од субвенцијата за проектот „Kупи куќа, купи стан“Владата донесе измена во субвенциите за проектот „Kупи куќа, купи стан“, со која парите за половина учество станаа неповратни.

Измената ќе важи и за новите и за веќе земените кредити. Граѓаните сега може на самиот почеток од проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, а оние корисници, кои веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот, немаат обврска да го враќаат.

Според Министерството за финансии, новата поволност значително ќе го зголеми интересот за купување стан или куќа со финансиска помош од државата.

- Ова е животна шанса за оние што имаат некакви, но недоволни средства за да добијат значителна сума и да се стекнат со сопствен дом. Во случај на купување стан, државата дава 50 отсто од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или за изградбата на куќа, каде што државата покрива 75 отсто од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра - велат од Министерството.

Бенефицијата важи доколку корисниците се придржуваат на веќе установеното правило исплатата на кредитот да ја вршат подолго од десет години.

Моделот „Половина рата“ е исто така атрактивен ако се има предвид дека во тој случај корисникот на кредитот ќе плаќа поевтина рата за свој дом отколку месечна кирија, додаваат од таму.

- Со моделот „Половина рата“ за 50.000 евра кредит ратата изнесува 330 евра, од кои корисникот плаќа само 82 евра, а државата 250 евра во првите пет години. Сите тие што плаќаат кирија од 100 евра месечно, наместо тоа, можат да плаќаат 82 евра рата и да изградат куќа или да купат стан - истакнуваат во Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik